Prevodi Tolkuvanje Proekti Nastani

Oбезбедуваме многу повеќе од самите зборови. Ние обезбедуваме техничко разбирање, значење и прецизност.

Со толкувањето од Конгресен Сервисен Центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.

КСЦ спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница

Процесот на преведувањето ги вклучува следниве чекори:

  • Управување со документите (назначување Раководител на проект што го следи севкупниот процес);
  • Обезбедување електронско чување и пребарување на сите документи;
  • Прием и испорака на сите датотеки во согласност со барањата за форматирање;
  • Примена на CAT алатки за обезбедување на конзистентност (Компјутерски потпомогнатиот превод е вид на превод каде преведувачот ги преведува текстовите користејќи компјутерски софтвер што е наменет за обезбедување поддршка и олеснување на процесот на преведување. Ги користиме следниве CAT алатки:TRADOS, Wordfast; Dèja Vu);
  • Лектура и уредување;
  • Проверка на квалитетот од страна на стручно лице од соодветната област;
  • Изготвување поимници за посебните области;
  • Изготвување преводни мемории (Поимниците и мемориите овозможуваат конзистентна употреба на терминологијата).
+