Prevodi Tolkuvanje Proekti Nastani

Oбезбедуваме многу повеќе од самите зборови. Ние обезбедуваме техничко разбирање, значење и прецизност.

Со толкувањето од Конгресен Сервисен Центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.

КСЦ спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница

 

КСЦ обезбедува висококвалитетни консултантски услуги и експертиза во следниве области:

  • Управување и градење на институциите
  • Управување со јавните финансии
  • Образование, социјална политика и развој на човечки ресурси
  • Инфраструктура
  • Подигнување на свеста и видливост

Преку нашиот професионален и искусен кадар и добро воспоставена мрежа на партнери и соработници во локалното, регионалното и меѓународното окружување, КСЦ обезбедува конкретни насочени знаења, техничка и административна стручност и услуги за управување со проекти.

Проекти врз основа на рамковни договори (FWC проекти)

    • Обезбедување консултантски услуги и експертиза за сите FWC лотови на EC COM и EC BENEF како подизведувач или главен понудувач
    • Мобилизација на признаени и искусни експерти за ангажмани во светски рамки и за многу кратко време
    • Искусни вработени за поддршка на целиот процес, од идентификување на вистинската експертиза до обезбедување услуги од највисок квалитет, вклучувајќи ги и сите видови поддршка, обезбедување квалитет, набавка/тендери и следење на напредокот и спроведувањето на проектите врз основа на рамковни договори.

Проекти за техничка помош

      • Обезбедување консултантски услуги и експертиза за ЕУ, Светската банка и други проекти финансирани од донатори
      • Длабинска анализа, развој на бизнис, анализа на набавки и подготовка на тендерска документација
      • Мобилизација на експерти на долг и краток рок
      • Контрола на квалитетот и поддршка
      • Финансиско управување, следење и спроведување
      • Управување со споредни расходи/надоместливи трошоци

Клучот на нашиот успех е во квалитетот на нашите луѓе. Се повикуваат сите заинтересирани експерти да ни пратат кратка биографија (во образецот што го користи ЕУ) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , за да може да ги регистрираме во нашата база на податоци.

+