За КСЦ

КСЦ е основан во 1999 година како друштво со ограничена одговорност со мисија за обезбедување широк спектар високо професионални услуги и нудење на највисокото ниво на квалитет на пазарот.

Конгресен сервисен центар (КСЦ), Конгресен сервисен центар Северна Македонија е друштво што е специјализирано за софистицирани и посебно приспособени услуги за

  • управување со настани,
  • толкување,
  • консалтинг,
  • превод,
  • патувања и
  • издавачка дејност

со крајна цел да ги надмине потребите и очекувањата на клиентите.

Конгресен сервисен центар има претставништва во Скопје, Северна Македонија; Белград, Србија; Сараево, Босна и

Херцеговина; Тирана, Албанија; и Софија, Бугарија.

Со повеќе од20 години искуствово обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним заврвни услуги,високо квалитетни преводи, професионализам, кредибилитет и исклучителна вредност.

Во последниве 20 години КСЦ организираше повеќе од 10.000 конференциисо целосна логистичка поддршка и има обезбедено опрема за толкување на приближно5.000 настани.

Друштвото има преведено повеќе од 1.000.000 страници и има успешно реализирано повеќе од 500 патни аранжмани.

Со текот на времето, КСЦ го прошири своето позитивно искуство со консултантски услуги за управување со проекти.

Поседуваме експертиза за набавки, формулирање и спроведување проекти финансирани од меѓународни донатори и проекти од развојна помош. Имаме етаблирана мрежа од повеќе од 15.000 експертиза консултантски услуги за управување со проекти

Дел од нашите клиенти се: Делегација на ЕУ, Совет на Европа, ИОМ, Светска банка, ОН, ОЕСР, Прајсвотерхаус Куперс, амбасади, министерства, НВО, итн.