Преведени повеќе од
1 МИЛИОН СТРАНИЦИ

Обезбедуваме разбирање, значење и точност

Конгресен сервисен центар обезбедува високо квалитетни и економични услуги за превод повеќе од 20+ години. Досега имаме преведено повеќе од 1 милион страници.

Веруваме дека обезбедуваме многу повеќе од обични зборови. Нашиот Процес за управување со документите обезбедува точни и културолошки приспособени преводи, секогаш навремено. Нашите професионални преведувачи ги познаваат јазиците на кои што преведуваат на нивото на родени говорници; тие работат во сите текстуални и графички формати;

Покрај тоа, ангажираме и тим од лектори и уредници кои ги прегледуваат конечните верзии на документите, сѐ со цел да се обезбедат високо квалитетни, целосни и соодветно форматирани преводи.

Техничкиот превод бара јасни упатства за преведувачите, доследен и веродостоен пристап и тесна соработка во рамките на тимот од преведувачи, тесна соработка со уредниците и ефективен процес за следење. Еден од начините за да се постигне горенаведеното, т.е. услуги со висок квалитет е употребата на алатки за компјутерски потпомогнат превод (CAT) во процесот на преведување. Оттаму, нашето друштво во текот на целиот процес на преведување користи WordFast, како една од достапните CAT алатки. Нашата политика предвидува одржување на најновите верзии на достапните алатки за превод на пазарот.

Обезбедуваме преводи од/на следниве јазици:

албански
арапски
белоруски
бугарски
чешки
кинески
дански
холандски
англиски
фински
француски
хебрејски
хрватски
италијански
јапонски
унгарски
македонски
германски
норвешки
полски
португалски
романски
руски
грчки
словачки
словенечки
српски
шпански
шведски
турски
украински

Би сакале да ни се обратите!

Ве молиме слободно контактирајте нѐ доколку ви се потребни какви било дополнителни информации или имате барање за услуги.