Консултантски услуги

Конгресен сервисен центар обезбедува консултантски услуги и експертиза за рамковните договори од сите серии на EC COM и EC BENEF, како и спроведува проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ОН, ДФИД, итн. Друштвото раководи со проекти што се финансирани од страна на ЕУ, во својство на главен раководител, како и во својство на партнер во рамките на конзорциум и подизведувач. Како член на различни меѓународни конзорциуми од висок профил, на Конгресен сервисен центар му беа доделени повеќе Рамковни договори за услуги на ЕК.

Имаме развиено широка мрежа од развојни консултанти,и поседуваме капацитети и искуство за навремено идентификување и мобилизирање исклучителни меѓународни и локални експерти за низа различни области на специјализација, при што досега обезбедувавме техничка и професионална експертиза првенствено во областите на спроведување и обезбедување теоретска обука и обука на работно место, граѓанско општество, социјален развој и инклузија, образование, институционален развој и градење капацитети.

Единицата за консултантски услуги на КСЦ има искусен интерен персонал што обезбедува поддршка за целосниот административен процес, од идентификација на вистинската експертиза до испорачување услуги со највисок квалитет, вклучувајќи ги сите услуги за заднинска поддршка, осигурување на квалитетот, набавки и следење на напредокот.

Обезбедуваме локално приспособени решенија (набавки, формулирање и спроведување) што се квалитетни, фокусирани на клиентите и ориентирани кон резултати за проекти финансирани од меѓународните донатори.

Најголемите вредности на КСЦ се

Комуникации, подигнување на свеста и видливост,
Управување со настани и патни аранжмани,
Управување и градење на институционалните капацитети,
Образование и обука,
Социјална политика,
Развој на човечки ресурси,
Инфраструктура,
Земјоделство,
Животна средина,

Единица за меѓународен развој

Обезбедуваме техничка развојна помош во име на поголемите меѓународни донатори, пред сè Европската Унија, за постигнување вистински напредок во борбата против некои од најтешките глобални развојни проблеми во локален контекст. Вршејќи ја нашата консултантска дејност во согласност со највисоките стандарди, ја зајакнуваме нашата позиција со локално приспособени решенија што се квалитетни, фокусирани на клиентите и ориентирани кон резултати.

Експертски центар

Обезбедуваме мобилизирање на признаени и искусни експерти за распоредување насекаде во светот во многу краток рок.
Нашата база на податоци брои над 15.000 кратки биографии.

Нашиот искусен интерен персонал обезбедува поддршка за целиот процес, од идентификација на соодветната експертиза од обезбедување услуги од највисок квалитет, вклучувајќи

1
Логистичка поддршка
2
Набавки/Тендерски постапки
3
Осигурување квалитет
4
Следење на напредокот во спроведувањето на проектите.
Би сакале да ни се обратите!

Ве молиме слободно контактирајте нѐ доколку ви се потребни какви било дополнителни информации или имате барање за услуги.