Почетна ТОЛКУВАЧИ од светска класа на ваше барање
Услуги
За нас
Со повеќе од 20 години искуство во обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним за врвни услуги, високо квалитетни преводи, професионализам, кредибилитет и исклучителна вредност.
Имаме толкувачи насекаде во светот што ќе ви помогнат со вашите конференции, состаноци, семинари за обука, деловна придружба, судски расправи и телефонски конференции.
Ние осигуруваме дека нашите толкувачи течно ги зборуваат соодветните јазици, имаат познавања за соодветната област и повеќегодишно професионално искуство.
Нашето друштво нуди симултано и консекутивно толкување.
Консекутивното толкување е метод каде „се слуша пред да се зборува“, при што говорникот зборува краток временски период од неколку минути.
Потоа се дава толкувањето на целниот јазик. Овој вид толкување е најсоодветен за состаноци „еден на еден“ или во помали групи, кратки презентации и за толкување преку телефон.
Симултаното толкување претставува сложена задача што не остава простор за какви било грешки.
Тоа вклучува употреба на опрема за толкување, што им овозможува на нашите толкувачи да ја пренесат пораката на целниот јазик до слушателите со посредство на слушалки, додека говорникот продолжува да зборува на другиот јазик. Овој начин на толкување е совршен за конференции, дискусии на тркалезна маса и меѓународни настани и обезбедува непречена комуникација меѓу лицата што не зборуваат ист јазик.
КСЦ, исто така, обезбедува опрема за симултано толкување, чијшто опис е даден во делот за организација на настани.
Бестселери, нови изданија и популарни жанрови, сè на едно место во ПОЛИЦА
Може да ви помогнеме да го откриете вашето следно извонредно четиво во ПОЛИЦА каде што ќе ги најдете тековните бестселери, новите изданија на книги, книги по поволни цени и многу повеќе. Ги имаме популарните жанрови како белетристика, драма, поезија, класична литература, детска литература, научна литература, политички книги, прирачници и повеќе.


Корпоративни ПАТНИ аранжмани
Конгрес Травел Сервис е основан во 2015 година. Започнавме како мала, но набргу станавме конкурентна агенција на туристичкиот пазар преку обезбедување управување со корпоративни патувања од светска класа и обезбедување исклучителни услуги за нашите клиенти.
База на податоци со повеќе од 15 000 ЕКСПЕРТИ
Конгресен сервисен центар обезбедува и консултантски услуги и експертиза за рамковните договори од сите серии на EC COM и EX BENEF, како и спроведува проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ОН, ДФИД, итн.


Организирани повеќе од 10 000 НАСТАНИ во 20+ години
Нашето друштво е препознатливо како Професионален организатор на конференции (ПОК) во регионот. Нашиот тим од пасионирани професионалци ќе ви помогне во секоја фаза од проектот. Обезбедуваме целосна организациска поддршка за техничко, креативно и логистичко спроведување на настаните.

Успешно спроведени повеќе од 40 договори за услуги на ЕК
Успешно спроведени повеќе од 40 договори за услуги на ЕК.

Преведени повеќе од 1 МИЛИОН СТРАНИЦИ
КСЦ е сигурен партнер за превод што ги исполнува вашите критериуми и деловни
потреби. Обезбедуваме прецизна, културолошки точна и непречена комуникација
и сеопфатно разбирање со првокласни преведувачи, лингвисти
и лектори со неисцрпно професионално искуство.