Our Services
About Us
With more than 20 years of experience in professional translation, interpreting and conference organization services, CSC has come to be associated with service excellence, high quality translations, professionalism, credibility and outstanding value.
КСЦ нуди услуги за симултано и консекутивно толкување. Гарантираме навремени, професионални и доверливи услуги и идеални решенија за толкување на барање за институции, организации и поединци.
Да се биде толкувач значи многу повеќе од обичното познавање два јазици.
Сите наши толкувачи се високо квалификувани и стручни родени говорници што поминуваат темелно тестирање и обука. Нашите професионалци ќе ви помогнат на конференции, состаноци, обуки, судски рочишта и телефонски конференции и ќе овозможат секој настан да го оствари својот целосен потенцијал.

Симултано толкување
Симултаното толкување е многу сложен процес што вклучува слушање, разбирање и преведување на пораката на целниот јазик онолку брзо колку што толкувачот може да ја формулира од изворниот јазик, при што говорникот на изворниот јазик зборува непрекинато.
Тоа вклучува употреба на опрема за толкување што му овозможува на толкувачот да ја пренесе пораката на целниот јазик до слушателите со посредство на слушалки, додека говорникот продолжува да зборува на изворниот јазик. Овој начин на толкување е совршен за конференции, дискусии на тркалезна маса и меѓународни настани и обезбедува непречена комуникација меѓу лицата што не зборуваат ист јазик.
Исто така, овој вид толкување бара екстремна концентрација и затоа е потребен тим од два толкувачи по јазик.
Ова е идеално за конференции од кој било обем и за презентации во кои се пренесуваат многу информации.
Симултаното толкување е „континуирано“.
Консекутивно толкување
Во случајот на консекутивното толкување, толкувачот зборува откако говорникот на изворниот јазик завршил со зборувањето (вообичаено на 1-5 минути). Говорот се дели на сегменти и толкувачот седи или стои покрај говорникот на изворниот јазик, слушајќи и фаќајќи прибелешки додека говорникот ја пренесува пораката. Бидејќи толкувачот чека говорникот да ја заврши реченицата или мислата пред да ги преведе неговите зборови на целниот јазик, овој вид толкување одзема повеќе време. Бидејќи толкувачот чека говорникот да ја заврши реченицата или мислата пред да ги преведе неговите зборови на целниот јазик, овој вид толкување одзема повеќе време.
Кога говорникот ќе направи пауза или ќе заврши со зборувањето, толкувачот потоа пренесува дел од пораката или целата порака на целниот јазик.
Овој вид толкување вообичаено се користи на помали деловни состаноци, судски рочишта, интервјуа, конференции за печатот, состаноци еден на еден или при толкување преку телефон.
Би сакале да ни се обратите!
Ве молиме слободно
контактирајте нѐ доколку ви се потребни какви било дополнителни информации или имате барање за услуги.