Почетна За КСЦ
Услуги
За нас
Со повеќе од 20 години искуство во обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним за врвни услуги, високо квалитетни преводи, професионализам, кредибилитет и исклучителна вредност.
КСЦ е основан во 1999 година како друштво со ограничена одговорност со мисија за обезбедување широк спектар високо професионални услуги и нудење на највисокото ниво на квалитет на пазарот.
Конгресен сервисен центар (КСЦ), Конгресен сервисен центар Северна Македонија е друштво што е специјализирано за софистицирани и посебно приспособени услуги за
- управување со настани,
- толкување,
- консалтинг,
- превод,
- патувања и
- издавачка дејност
со крајна цел да ги надмине потребите и очекувањата на клиентите.
Конгресен сервисен центар има претставништва во Скопје, Северна Македонија; Белград, Србија; Сараево, Босна и
Херцеговина; Тирана, Албанија; и Софија, Бугарија.
Со повеќе од 20 години искуство во обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним за врвни услуги, високо квалитетни преводи, професионализам, кредибилитет и исклучителна вредност.
Во последниве 20 години КСЦ организираше повеќе од 10.000 конференции со целосна логистичка поддршка и има обезбедено опрема за толкување на приближно 5.000 настани.
Друштвото има преведено повеќе од 1.000.000 страници и има успешно реализирано повеќе од 500 патни аранжмани.
Со текот на времето, КСЦ го прошири своето позитивно искуство со консултантски услуги за управување со проекти.
Поседуваме експертиза за набавки, формулирање и спроведување проекти финансирани од меѓународни донатори и проекти од развојна помош. Имаме етаблирана мрежа од повеќе од 15.000 експерти за консултантски услуги за управување со проекти
Дел од нашите клиенти се: Делегација на ЕУ, Совет на Европа, ИОМ, Светска банка, ОН, ОЕСР, Прајсвотерхаус Куперс, амбасади, министерства, НВО, итн.





