ПОРОЈ ОД ПЕПЕЛ

Автор: Исток Ј. Улчар

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Поезија
Број на страници:
Година на издание:

150,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

I.

И по оваа војна сме живи.

Да го обновиме тлото повтор

мораме ние – смртници диви,

да го уништиме секој злостор.

 

Ново почнува десетлетие

на вселенскиот часовник вечен,

во кое, за ново распетие,

не ќе биде речен збор што пече.

 

Болскотат светилките на градот

крај кабареата каде струи

џез. Од лулињата тече чадот

што пријатно бруи.

 

Прохор ја посматра со поглед врел

Калина кај танцува чарлстон смел.