Управување со настани

Конгресен сервисен центар е врвен давател на услуги за управување со настани со посветени професионалци што ќе ви помогнат во секоја поединечна фаза од проектот, од концепцијата до завршувањето.

Без оглед на тоа дали станува збор за корпоративен настан, активности за тим билдинг, прием или свеченост за доделување награди ќе ви помогнеме да ја идентификувате целната публика за секој настан, да го формулирате концептот, да ја испланирате севкупната логистика и да го спроведете управувањето со проектот за настанот во целина.

Ние сме специјализирани за иновативните начини за инспирирање, комуницирање и забавување. Покриваме широк асортиман услуги за продукција на настани вклучувајќи светло, декор, тематско уредување, стилизирање, угостителски услуги, звук, видео и забава.

Во КСЦ имаме сериозен пристап кон нашите настани и обезбедуваме управување за техничкото, креативното и логистичкото спроведување на секој настан.

Ние сме првокласен давател на услуги со извонредно планирање на времето и способност за истовремена работа на повеќе задачи и уредување на сите поединости, што го прави КСЦ едно од водечките друштва во областа на организацијата и управувањето со настани.

Се започнува со процесот за креирање визија за настанот и нејзиното следење до спроведувањето, што бара креативност и флексибилност, како и способност за приоретизирање и фокусирање на задачите. Сето ова води кон успешен настан.

Начелото за следење и контрола лежи во основата на исклучителниот процес за управување со настани.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница и нашите услуги вклучуваат:

Би сакале да ни се обратите!

Ве молиме слободно контактирајте нѐ доколку ви се потребни какви било дополнителни информации или имате барање за услуги.