Our Services
About Us
With more than 20 years of experience in professional translation, interpreting and conference organization services, CSC has come to be associated with service excellence, high quality translations, professionalism, credibility and outstanding value.
Конгресен сервисен центар е еден од регионалните лидери во областа на превод и локализација на софтвер. КСЦ е препознаен како сигурен партнер за превод што ги исполнува вашите критериуми и деловни потреби. Осигуруваме непречена комуникација и сеопфатно разбирање со првокласни преведувачи.
Обезбедуваме преводи од/на следниве јазици:
албански
арапски
белоруски
босански
бугарски
чешки
кинески
дански
холандски
англиски
фински
француски
хебрејски
хрватски
италијански
јапонски
унгарски
македонски
германски
норвешки
полски
португалски
романски
руски
грчки
словачки
словенечки
српски
шпански
шведски
турски
украински
Нашето портфолио вклучува широк асортиман на услуги вклучувајќи превод, процес за управување со документи, услуги за лектура и локализација.
Со повеќе од 20 години искуство и доследна посветеност на нашите клиенти, КСЦ продолжува да обезбедува високо квалитетни услуги за превод. Со текот на годините станавме едно од најсигурните друштва во индустријата поради нашиот процес за управување со документи што обезбедува прецизни и културолошки точни преводи навреме. Нашиот тим е составен од преведувачи – родени говорници на соодветниот јазик, лингвисти и лектори со беспрекорно професионално искуство, способни за работа на кој било текстуален или графички формат обезбеден од клиентот.
Имаме тим од искусни лектори и уредници што обезбедуваат високо квалитетни, целосни и соодветно форматирани преводи.
Процес за управување со документи
Процесот на преведувањето ги вклучува следниве чекори:
- Управување со документите (назначување на Раководител на проект што го следи севкупниот процес);
- Обезбедување електронско чување и пребарување на сите документи;
- Прием и испорака на сите датотеки во согласност со барањата за форматирање;
- Примена на CAT алатки за обезбедување на конзистентност (Компјутерски потпомогнатиот превод е вид на превод каде преведувачот ги преведува текстовите користејќи компјутерски софтвер што е наменет за обезбедување поддршка и олеснување на процесот на преведување. Ги користиме следниве CAT алатки: TRADOS, Wordfast; Dèja Vu);
- Лектура и уредување;
- Проверка на квалитетот од страна на стручно лице од соодветната област;
- Изготвување поимници за посебните области;
- Изготвување преводни мемории (Поимниците и мемориите овозможуваат конзистентна употреба на терминологијата).
Услуги за лектура
100% доверливо, 100% гарантирано, 100% навремено
Услугите за лектура вклучуваат читање и прегледување на документите за да се елиминираат техничките грешки во правописот, употребата на големи букви и интерпункцијата. Уредување и лекторираме секакви датотеки во однос на правописот, граматиката, форматирањето, изборот на зборови, структурата на речениците, стилот, доследноста, итн. Професионалните услуги за лектура и уредување вклучуваат и осигурување дека информациите во документите се презентирани логички и се напишани јасно и концизно. Нашите лекторски услуги се наменети за проверка на следново:
- Печатни грешки (правопис и употреба на големи букви),
- Граматички грешки,
- Грешки во интерпункцијата,
- Синтакса (усогласување на граматички обележја, доследност на мислата/идејата).
Локализација
Локализацијата е технички процес за приспособување на некој производ за исполнување на потребите на некој конкретен јазик, земја, регион, култура или целна популација. Локализацијата вклучува сеопфатно проучување на целната култура за правилно приспособување на производот кон локалните потреби.
Локализацијата претставува нешто што е повеќе од превод и граматика, таа вклучува менување на насоката на текстот (од лево кон десно во десно кон лево), приспособување на симболи и бои и промена на тоналитетот и нивото на учтивост.
Покрај преводот, процесот на локализација може да вклучува и:
- Адаптација на графичките прикази кон целните пазари,
- Модификација на содржината за усогласување со вкусовите и потрошувачките навики на локалните пазари,
- Приспособување на дизајнот за правилно прикажување на преведениот текст,
- Конверзија во согласност со локалните барања (на пример, валути и единици мерки).
- Користење правилни локални формати за датуми, адреси и телефонски броеви, и
- Усогласување со локалните прописи и законски барања.
Би сакале да ни се обратите!
Ве молиме слободно контактирајте нѐ доколку ви се потребни какви било дополнителни информации или имате барање за услуги.